Османи: Македонија секогаш ќе биде на страната на слободата, демократијата и владеењето на правото

t

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, во организација на Институтот за европска политика учествуваше на панел дискусија на тема: “Новите геополитички случувања и влијанието врз Македонија”.

Во фокус на дискусијата беа геополитичките предизвици предизвикани со војната во Украина и во овој контекст позиционираноста на Македонија, нашиот европски пат, претседавањето со ОБСЕ и можностите за искористување на Стратешкиот дијалог со САД за реформскиот процес во државата.

Осврнувајќи на важноста на проширувањето на ЕУ, Османи истакна: “Постои итна потреба од свеж моментум во интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ, за што двете страни треба да постигнат конкретен напредок: Европската Унија да обезбеди повеќе практични придобивки и опипливи резултати кои произлегуваат од процесот на пристапување, а земјите од регионот на Западен Балкан да преземат конкретни и вистински активности во спроведувањето на националните реформски планови и усвојувањето на стандардите на ЕУ. “

Во однос на спроведувањето на реформските процеси во рамки на процесот на пристапувањето во ЕУ, како и оние во рамки на Стратешкиот дијалог, Министерот подвлече дека се работи за комплементарни процеси, кои ќе ја направат Македонија држава со повисок демократски капацитет, со многу поголема доверба во правосудниот систем и со многу помал степен на корупција, во однос на сегашната состојба.

Министерот Османи дискутираше и за главните придобивки за Македонија од претседавањето со ОБСЕ и како може да се искористи тоа за подобрување на меѓународниот углед на земјава.

“Она што е ново и што се случува за прв пат во историјата, е министерот на нашата земја да се ангажира, како Претседавач со ОБСЕ, со решавање на безбедносните проблеми и предизвици на другите. Таа наша акција и тоа наше воздигање од корисник до контрибутор на безбедноста се гледа и се препознава. Ние, како Претседавач со ОБСЕ, нема да ги решиме проблемите на светот. Но со нашето искуство во решавањето на сопствените предизвици, со нашата енергија и посветеност, со приврзаноста на принципите и заложбите, можеме да придонесеме за генерирање на попозитивен дух, зајакнување на дијалогот во ОБСЕ просторот, но и да им помогнеме, преку засилен ангажман на теренските мисии, на оние кои најмногу страдаат во конфликтите: обичните луѓе.“, предочи Османи.

Настанот е организиран во рамките на проектот „Поттикнување анализа на политики и јавна дебата“. Проектот е имплементиран од Институтот за европска политика – Скопје во соработка со Центарот за делиберативна демократија на Универзитетот Стенфорд во САД и е финансиран од Националната фондација за демократија (National Endowment for Democracy).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од полноќ поевтинуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Втор етнички терористички напад за неколку недели…

Вооружени напаѓачи во југозападен Пакистан егзекутираа најмалку…

Морбиден профит: Аналитичарот Петар Арсовски и доктор…

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски и професор доктор Драган Даниловски се најновите…

Јована Тренчевска се повлекува од функцијата претседателка…

Дополнителната заменик министерка за труд и социјална…

Тешка сообраќајна несреќа: Возач од Делчево почина…

На 08.05.2024 во 22.20 во Полициската станица…