Основан од АСНОМ: МНТ слави 77 години постоење

Најголемата театарска куќа во Македонија- Македонскиот народен театар денеска одбележува 77 години од основањето. На денешен ден, 1945 година, со решение број 581/45, на Президиумот на АСНОМ, бил основан Македонскиот народен театар. Со тоа започнува со работа оваа нашата национална театарска установа.
Прв директор на МНТ бил Димитар Ќостаров, а Илија Милчин секретар – драматург. Театарската завеса официјално за публиката прв пат била крената на 3 април 1945 година , со премиерата на драмата „Платон Кречет“, од Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров, во превод на Блаже Конески. Актерката Вера Вучкова Жежељ ја изговорила првата реплика на сцената -Сонцето, колку е блиску сонцето !
31. 01. 1945 е денот кога е основан Македонскиот народен театар. Тоа е денот кога желбата на актерите, режисерите, авторите, сценографите, костимографите, сценските работници и публиката, за театар на македонски јазик стана реалност. Тоа е денот кога сонот на група актери и уметници прерасна во јадро на театарска дејност. Денот кога на Президиумот на АСНОМ (со решението бр. 581/45), е основан нашиот дом, домот на сите некогашни и сегашни вработени на Македонскиот народен театар, на сите љубители на театарот. Нека е честит денот, стои во Фб објавата на театарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Османи: “Северна Македонија деновиве е претворена во…
„Северна Македонија деновиве е претворена во центар…
Мирот, стабилноста и безбедноста се осигурани за…
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ,…
Бугарските историчари што прогласија победа се маргинализирана…
Сега беше објавен првиот Протокол од 2019…
Значи не постоеле?! Македонскиот дел од Комисијата:…
По објавените решенија на Заедничката мултидисциплинарна комисија…
Бугарија будно следи: Засега немало да се…
Софија ги регистрира критиките во македонската јавност…