Осуммина зaгинати во лавини во Австрија

t

Осумина љубители на снежните спортови вчера и денеска ги загубија животите во три одделни снежни лавини во северна Австрија, соопштија официјални извори.

Четворица Швеѓани и нивниот локален водич загинаа во петокот во провинцијата Тирол, во регионот Спис, на границата со Швајцарија.

Тие се движеле на патеката придружувани од планински водич кога над нив почнала да паѓа снежна лавина широка 400 метри. Еден член од групата бил само делумно затрупан од снегот, па успеал да му се јави на својот пријател во Шведска на мобилниот телефон. Веднаш биле известени спасувачките служби, а 42-годишниот Швеѓанец преживеал.

Властите денеска соопштија дека уште едно лице загинало во снежна лавина вчера на планината Кнеделкопф, во провинцијата Форарлберг. Снегот го затрупал човекот додека тој и групата се движеле по подготвените планински патеки.

Иако другите од групата успеале брзо да го извлечат од снегот и веднаш почнале со реанимација, мажот починал. Во третата лавина загинале две лица на возраст од 60 и 61 година. Тие биле пронајдени починати нешто по полноќ во Вилдшенау, Тирол.

Според австрискиот систем за предупредување за лавина, постои огромен ризик од лавини во планинските области во земјата. На скалата на ризик од пет точки, сите споменати области се на трето место по опасност. Десетици лавини се регистрирани само во Тирол поради свежиот снег од четвртокот и петокот, се наведува во соопштението на австрискиот систем за предупредување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали за трагедијата во Србија: Таткото жив…

Таткото на четирите деца кои утринава загинаа…

Трагедија во САД: Се урна болнички авион,…

Пет лица загинаа, меѓу кои пациент и…

Страшна несреќа во Србија: Мајка се обидела…

Ужасна несреќа се случила денеска во српскиот…

Уште една спортска трагедија: Млад голман пронајден…

Фудбалската федерација на Турција соопшти дека младиот голман на…

Балканците тријат раце: Австрија бара 40.000 сезонски…

Туризмот се враќа во сите земји во…