Објавено на:

Отворена истрага против 24-годишниот напаѓач од Краков: Се товари за девет убиства со елементи на тероризам

t

Обвинителството во Краков денеска отвори истрага против 24-годишниот Михал Окшински за убиство на шест лица врз кои пукал со автоматско оружје на главниот плоштад во тој град, како и за убиство на три лица во семејниот стан во градот Островјец Швјентокшиски, соопшти полскиот министер за правда и главен обвинител Валдемар Журек.

– Истрагата се однесува на две кривични дела. Првото е убиство на шест лица со огнено оружје и обид за убиство на повеќе други лица, меѓу кои и полициски службеници. Применетата правна квалификација ја зема предвид и намерата да се заплаши голем број луѓе, поради што делото има обележја на терористичко кривично дело – објави главниот обвинител на платформата Икс. За двете дела – неселективното пукање во минувачи и туристи во саботата попладне во историскиот центар на Краков, каде што беа ранети и 16 лица, како и за убиството на неговите родители и помладата сестра – според полските закони му се заканува доживотен затвор.

Напаѓачот бил повреден за време на потерата и апсењето. По две операции во болница во Краков, тој се наоѓа во критична состојба, поради што истражните органи сè уште не можат да го сослушаат.

Полскиот министер за внатрешни работи Марчин Кјервински ги соопшти првичните сознанија на полицијата, според кои станува збор за лице со десничарски и радикални ставови, фасцинирано од ултранационалистичката идеологија. Истрагата дополнително ги проверува овие сознанија, а полицијата од станот на напаѓачот заплени компјутер и носачи на податоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…