Објавено на:

Пекинг официјално потврди: Си Џинпинг по три години доаѓа во САД на средба со Трамп

t

Кина соопшти дека претседателот Си Џинпинг ќе отпатува во САД за да се сретне со Доналд Трамп, во посета што се случува во момент кога едногодишното трговско примирје се приближува кон својот крај.

Си Џинпинг ќе престојува во државна посета од 23 до 25 септември на покана на американскиот претседател, соопшти портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џијакун. Кинескиот лидер ќе има „длабинска размена на ставови“ со Трамп „за главните прашања поврзани со билатералните односи и светскиот мир и развој“, додека двете земји настојуваат заеднички да „управуваат со разликите на соодветен начин“, рече Гуо на редовниот брифинг во Пекинг во понеделникот.

„Размената на посети на двајцата претседатели во период од половина година ќе претставува пресвртница од историско значење“, рече тој. Трамп и Си Џинпинг последен пат се сретнаа во мај.

Посетата ќе биде прва посета на Си Џинпинг на САД од 2023 година, кога тој се сретна со поранешниот американски претседател Џо Бајден за време на посетата која вклучуваше и присуство на самитот на АПЕК во Сан Франциско. Изгледите за продолжување на примирјето во трговската војна, договорено минатата година во Јужна Кореја, се зацврстуваат додека двете страни разговараат за намалување на царините за стоки, вклучително и американски енергетски и земјоделски производи.

Во пресрет на овонеделниот самит меѓу двајцата претседатели, американски и кинески претставници во неделата одржаа трговски разговори во Њујорк. Американскиот министер за финансии Скот Бесент го оцени состанокот како „многу успешен“ и рече дека двете страни се согласиле да воспостават дијалог за вештачката интелигенција, со цел постигнување заедничко разбирање за целите и заканите што ги носи технологијата.

Трамп рече дека ќе приреди државна вечера за Си Џинпинг , на која се очекува да присуствуваат извршниот претседател на „Епл“ (Apple Inc.), Тим Кук, и главниот извршен директор на „Опен еј-ај“ (OpenAI), Сем Алтман.

Војната во Иран, тековите на ретките минерали и конкуренцијата во областа на вештачката интелигенција се други прашања за кои се очекува да се разговара. Кина е најголемиот купувач на иранска нафта, а Си Џинпинг очигледно не брза да му помогне на Трамп во неговите напори економски да ја ослаби земјата од Блискиот Исток.

„Блумберг њуз“ претходно објави дека САД и Кина разговараат за намалување на царините за одредени стоки. Овнонеделните состаноци, исто така, веројатно ќе резултираат со договор за намалување на царините за кинеските инпути за производителите, според лица запознаени со прашањето.

Пекинг, исто така, веројатно ќе ги потсети САД дека статусот на Тајван е едно од неговите малубројни прашања што претставуваат црвена линија. САД се најголемиот воен и политички поддржувач на островската демократија, која Кина ја смета за своја територија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пекинг официјално потврди: Си Џинпинг по три…

Кина соопшти дека претседателот Си Џинпинг ќе…

ИЛОВИЦА ИМА НАЈГОЛЕМ ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА ГРИНФИЛД РУДАРСКИ…

Може ли македонското рударство да фати чекор…

Арктички бран во Европа: На Балканот и…

Европа оваа недела ја очекува голема промена…

Во Грција уапсен македонски државјанин баран со…

При влез во Грција, на граничниот премин…

Дизел, дизел, дизел: Трамп разговарал со Зеленски…

Шефот на САД Доналд Трамп постојано му…