Песков: Тоа што Путин не носи маска не значи дека не е заштитен
Тоа што рускиот претседател Владимир Путин не носи маска на јавни собири не значи дека не се обезбедени мерки за негова заштита, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Постојат, и тоа не е никаква тајна, соодветни мерки на претпазливост околу претседателот поради корона вирусот. Луѓето кои доаѓаат во контакт со него биле тестирани неколку пати, а некои од нив поминале неколку дена во карантин“, објасни Песков. известува ТАС С.
Тој додаде дека затоа рускиот претседател Владимир Путин во одредени ситуации, особено кога станува збор за јавни говори, не носи маска на лицето.
„Меѓутоа, тоа не значи дека сеопфатните безбедносни мерки не се во сила“, заклучи Песков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сведоци на ужасниот земјотрес во Колумбија: „Никогаш…
Во Кали, еден од колумбиските градови најтешко…
Разбојници нападнале млад Австриец во Скопје и…
23-годишен државјанин на Австрија пријавил во полиција…
Нови детали за Србинот што се удави…
Горан Комазец од Белград е човекот кој…
ЈПДП ќе земат 40 милиони евра кредит…
Владата даде зелено светло за ново задолжување…
Зеленски најави нови кадровски промени во украинските…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дел…