Поднесен обвинитeлeн предлог против професорот кој со бokсирач нaпaдна ученик

t

Струшкото Основно јавно обвинителство поднесе Обвинителен предлог против 57-годишен професор од Струга, за сторено кривично дело „насилство“ од член 386 став 1 во врска со став 3 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Струга.

Обвинетиот на 23.12.2021 година околу 13:30 часот, со боксирач удрил ученик на возраст од 18 години. Физичкиот напад следел по претходно влошени меѓусебни односи и вербална расправија. Притоа, обвинетиот замавнал со десната рака на која претходно го имал ставено железниот боксирач и го удрил оштетениот ученик во пределот на главата. Со преземените дејствија обвинетиот нанел телесни повреди кај оштетениот, извршил грубо насилство и во јавноста предизвикал чувство на несигурност, објаснуваат од струшкото обвинителство.

Обвинителството до надлежниот суд достави и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Карта на “голема Албанија” во основно училиште…

Скандалозни фотографии со иредентистичка содржина се објавени…

ГИ УДРИЛО СТРУЈА ДОДЕКА ГАСНЕЛЕ ПОЖАР Повредени…

СВР Охрид соопшти дека синоќа околу 23…

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ давале по 50 евра за…

Поранешен претседател на УМС во Струга му…

Двајца мажи нападнале полициски службеник во Струга

Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлог за…

Отворена канцеларијата на Левица во Струга: Се…

Политичката партија Левица денеска отвори своја канцеларија…