Поднесен обвинитeлeн предлог против професорот кој со бokсирач нaпaдна ученик

t

Струшкото Основно јавно обвинителство поднесе Обвинителен предлог против 57-годишен професор од Струга, за сторено кривично дело „насилство“ од член 386 став 1 во врска со став 3 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Струга.

Обвинетиот на 23.12.2021 година околу 13:30 часот, со боксирач удрил ученик на возраст од 18 години. Физичкиот напад следел по претходно влошени меѓусебни односи и вербална расправија. Притоа, обвинетиот замавнал со десната рака на која претходно го имал ставено железниот боксирач и го удрил оштетениот ученик во пределот на главата. Со преземените дејствија обвинетиот нанел телесни повреди кај оштетениот, извршил грубо насилство и во јавноста предизвикал чувство на несигурност, објаснуваат од струшкото обвинителство.

Обвинителството до надлежниот суд достави и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицаец малтретирал и навредувал малолетници во Струга

Полицаец малтретирал и навредувал малолетници во Струга,…

Гаши во Струга: Проширувањето на ЕУ е…

Проширувањето на Европската Унија претставува една од…

Вооружен грабеж во обложувалница во Струга

Од МВР информираат дека надворешната канцеларија за…

Со години пријавувал закани во МВР и…

На 14 март во Струга е запалена…

Мојсоска поднесе инивијатива за вонреден надзор на…

Пратеничката од Струга, Јована Мојсоска, поднесе иницијатива…