Пожар во Илиден во близина на бензинска пумпа: Ангелов, вели нема потреба за паника

t

Пожар избувна во и околу каналот што минува во близина на Илинден, во правец кон Белви, предизвикувајќи загриженост поради близината на инфраструктура која претставува потенцијален ризик.

Според информациите од терен, огнот е во непосредна близина на цистерните на „Макпетрол“, а во близина се наоѓа и бензинска пумпа. Дополнителен ризик претставува фактот што пожарот се шири низ простор обраснат со трска и сува трева, материјал кој овозможува брзо ширење на пламенот при промена на временските услови.

За состојбата информираше и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој потврди дека пожарот гори претежно во трска и сува трева во и околу каналот.

„Пожар во и околу каналот кој минува покрај Арачиново во насока кон Белви. Гори претежно трска и сува трева во и околу каналот. БППЗ Скопје се на терен, имаат почетна контрола, засега нема опасност од неконтролирано ширење“, соопшти Ангелов.

Екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје се на терен и работат на локализирање на пожарот. Засега нема проценка дека огнот се шири неконтролирано, но близината на цистерните и бензинската пумпа ја прави ситуацијата особено чувствителна и бара континуирано следење и навремена реакција.

На жителите од околните населени места им се препорачува да бидат внимателни и да ги следат официјалните информации и упатствата од надлежните институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожар во Илиден во близина на бензинска…

Пожар избувна во и околу каналот што…

Иран поканет да се приклучи на „исламското…

Рахими, директор на новинската агенција Ханех Мелат,…

Пожарот кај делчевски Голак ставен под целосна…

Кире Михаилов, заменик генерален директор на ЈП…

Два медали за Македонија: Вејсели и Хајдари…

Македонија има два сигурни медали на Медитеранските…