Полека се заокружува “милијардата на Мицкоски”: 88,8 милиони денари од “вмровските” градоначалници завршиле во една косовска компанија!

t

На телевизија едно, зад затворени врати сосема друго. Додека Мицкоски и компанија глумат големи патриоти, градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ купуваат струја од косовска компанија. Некои би рекле пазарна економија, но зошто големите патриоти би дозволиле македонски пари да одат во Косово?

Во изминатиот период Инфомакс објави ексклузивни информации најпрво за 390 милиони денари тендери со кои “вмровските” градоначалници од десетина општини “го частеле” Енерџи Деливери Солушнс на Кочо Анѓушев. Една третина од општините со кои раководи ВМРО на Мицкоски , односно дури 16 општини со вмровски градоначалници склучиле договор и со компанијата „Пуцко Петрол“ за набавка на горива. Градоначалниците на Мицкоски на Јахоски му доделиле тендери во висина од над 615 илјади евра или поточно 37.598.044 милиони денари. Компаниите ЕЛТРА и ЕНЕРГОМОНТ во периодот од 17.10.2021 до 11.07.2023 година од општините добиле дури 117.840.256 денари, во едната од нив Мицкоски има удел од седум проценти, а директорот на штаб на ДПМНЕ добил 18,5 милиони за две години, секако повторно од истите општини под “владение” на градоначалниците на Мицкоски, а истите градоначалници практично го платиле и бунтот во јавното претпријатие “Комунална хигиена Скопје” преку фирмата Река Интернационал..

Компанијата со кривична пријава за местење тендери, “Изолација Дамјан Силјановски” доби повеќе од 141,5 милиони денари од само четири општини.

Двајца градоначалници на скопски општини ѝ дале на компанијата МАСТЕФ ДООЕЛ Скопје вкупно 80.482.999 ДЕНАРИ.

Денеска објавуваме ексклузивни информации за тоа колку пари земала косовската компанија ФУТУРЕ ЕНЕРЏИ ТРАЈДИНГ ЕНД ЕКСЧАЈНЏ ДИНАМИКС-Косово, подружница Македонија од “вмровските” градоначалници.

Да почнеме со ред.

ОПШТИНА МАКЕДОНСКИ БРОД:

Договор за електрична енергија склучен на ден 05.04.2022 во вредност од 7.080.000,00ден, потпишан од градоначалникот Жарко Ристески.

Вкупно од Македонски Брод 7.080.000,00ден

ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ:

Договор за Набавка на електрична енергијасклучен на ден 20.04.2022 во вредност од 27.699.699,96ден. Потпишан од Александар Стојкоски.

ОПШТИНА БИТОЛА:

ЈКП Битола договор за Активна електрична енергија склучен на ден 11.04.2022 во вредност од 29.500.000,00ден потпишан од директорот Пеце Милевски.

ОПШТИНА ОХРИД:

ЈП Охридски Комуналец Охрид договор за Набавка на електрична енергија склучен на ден 11.04.2022 во вредност од 4.248.000,00ден потпишан од в.д директорот Сашо Најдески.

ОПШТИНА БРВЕНИЦА:

Договор за Набавка на електична енергија за потребите на општина Брвеница склучен на ден 09.05.2022 во вредност од 5.000.000,01ден. Потпишан од градоначалник Јовица Илиевски.

ОПШТИНА РЕСЕН:

Договор за набавка на Електрична енергија склучен на ден 29.06.2022 во вредност од 2.839.576,78ден. Потпишан од градоначалник Јован Тозиевски.

ОПШТИНА ВИНИЦА:

Договор за Набавка на електрична енергија склучен на ден 29.07.2022 во вредност од 6.372.000,00ден. Потпишан од градоначалник Миле Петков.

ОПШТИНА ИЛИНДЕН:

Договор за Набавка на електрична енергија склучен на ден 23.08.2022 во вредност од 6.100.000,56ден потпишан од градоначалник Александар Георгиевски.

ВКУПНО 88.839.275 ДЕНАРИ е сумата која косовската компанија ја добила од неколку општини со кои раководат кадрите на Мицкоски.

“Патриотите” купувале струја од оваа компанија од Косово, а како што објавивме претходно и од менторот на Мицкоски, Кочо Анѓушев односно неговата Енерџи деливери солушнс.

На телевизија едно, во јавност сосем друго. Се мачкаат очите на народот чии пари се трошат за полнење на џебовите на неколкумина во државава, а и надвор од неа, додека полека се заокружува “милијардата на Мицкоски”, испумпана преку општините на неколку компании блиски до него.

Се промовираат ситни проекти, искосена трева и исфарбана клупа, додека на страна се извлекуваат милиони, народни пари, наши и ваши пари. Катастрофа на локално, но и на државно ниво, во речиси секој поглед и на крај овие што “ни нудат решенија”, дали од позиција на власт или опозиција, си кохабитираат, сите среќни и задоволни… Сите освен народов што ги гласа, а на кој им текнува само на три месеци пред избори.

Ама додека има “овци”, ќе има и “волна”, ни власта ќе ја чепка опозицијата, ни опозицијата власта, “ќе се држат во раце” и и волкот сит и овците на број, а на народот му остана тревата, ако и таа не е украдена…

Пишуваат: Александар Митовски, Александра Петровска

Линкови до претходните текстови во серијалот:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косово стана придружна членка на Парламентарното собрание…

Косово стана десеттата придружна членка на Парламентарното…

Завршен пописот во Косово: 200.000 луѓе помалку…

Според податоците од пописот, се очекува на…

Сѐ уште нема конечен договор меѓу ЗНАМ…

– Сѐ уште нема конечен договор, тоа што…

Почнаа преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за…

Вчера вечер во просториите на Движењето ЗНАМ…

Петровска: За Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ Македонија нема…

Откако новата претседателката Гордана Сиљановска -Давкова не…