Полска ќе им дозволи на пилотите на борбени авиони да соборуваат странски летала

t

Полска ќе им дозволи на своите пилоти на борбени авиони и хеликоптери да соборуваат странски летала откриени со радар, во рамките на специјални одбранбени мерки во воено време, соопшти заменик-министерот за одбрана.

Ова е последниот чекор во зајакнувањето на одбраната на земјата-членка на НАТО и Европската Унија, додека војната во соседна Украина влегува во својата петта зима, а сојузниците предупредуваат на зголемена закана од руски беспилотни летала.

„Оваа промена ќе му овозможи на пилотот или на оперативниот командант да донесе одлука за соборување на странско летало врз основа на радарски податоци или други информации што пристигнале во системот“, изјави заменик-министерот Чезари Томчик.

Со ова ќе биде заменета „стандардната процедура во мирновременски услови“, според која отворањето оган бара визуелна идентификација на целта и не може да се заснова само на податоци од радарот или на други релевантни информации.

„Не можеме да бидеме неактивни кога станува збор за закани, а сè укажува дека тие само ќе се зголемуваат“, изјави Томчик, пренесува АФП.

Заменик-министерот нагласи дека ваквата можност „вообичаено е резервирана за воена состојба или воена положба“. Тој посочи дека промената е направена делумно поради опасноста беспилотни летала секојдневно да навлегуваат на територијата на Полска.

Претходно овој месец, полскиот премиер Доналд Туск изјави дека плановите на Русија поврзани со војната во Украина вклучуваат „хибридни“ напади со дронови и ракети врз сојузниците на Киев, меѓу кои и Варшава.

Полска, една од земјите во НАТО кои издвојуваат релативно голем дел од своите ресурси за одбрана, ја обвинува Русија за спроведување „хибридни“ провокации на нејзина територија, вклучително и навлегување на беспилотни летала и нарушување на нејзиниот воздушен простор.

Земјата воедно се претвори во главен центар за транспорт на западна воена и хуманитарна помош за Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полска ќе им дозволи на пилотите на…

Полска ќе им дозволи на своите пилоти…

Свештеник почина по напад со нож во…

Еден свештеник почина, а уште четири лица…

(Видео) Сирени во Полска, дрон падна на…

Дрон со млазен погон паднал или бил…

Украина и Полска: Руската закана веќе е…

Украина и Полска предупредија на зголемена руска…

Кадиров повторно се заканува со освојување на…

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров повторно даде остри…