Португалија е третиот осминафиналист во Катар!

После Франција и Бразил Португалија е третиот осминафиналист на фудбалското Светското првенство во Катар.
Вечерва Португалците славеа во дербито против Уругвај со 2:0. Првото полувреме не донесе премногу возбудувања, па мрежите мируваа. Португалците до победата стигнаа во второто полувреме кога беа постигнати двата гола.
Двата гола беа дело на Бруно Фернандеш. При првиот гол Фернандеш нафрлуваше за Роналдо во 54. минута, но Роналдо иако скокна не играше со топката, па голот беше запишан на Фернандеш. Се обидуваа Уругвајците, влезе и Суарез во нападот, меѓутоа реализацијата изостана. Точка на натпреварот беше ставена во судиското продолжение кога Бруно Фернандеш го реализираше досудениот пенал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шпански судии ќе ја делат правдата на…
Светската ракометна федерација (ИХФ) ги одреди официјалните…
Македонските ракометари денес на мегдан со Катар…
Македонија денеска игра против ракометната репрезентација на…
Костески: Со нови сили одиме против Катар,…
Македонскиот ракометар Ненад Костески денешниот наторевар против…
Македонски фудбалер постигна гол од половина терен
Натпреварот помеѓу Нафта и Домжале заврши со…
Шпанскиот репрезентативец Jамал стана најмладиот стрелец…
Ламин Јамал, фудбалскиот препрезентативец на Шпанија, стана…