Објавено на:

Португалија е третиот осминафиналист во Катар!

t

После Франција и Бразил Португалија е третиот осминафиналист на фудбалското Светското првенство во Катар.

Вечерва Португалците славеа во дербито против Уругвај со 2:0. Првото полувреме не донесе премногу возбудувања, па мрежите мируваа. Португалците до победата стигнаа во второто полувреме кога беа постигнати двата гола.

Двата гола беа дело на Бруно Фернандеш. При првиот гол Фернандеш нафрлуваше за Роналдо во 54. минута, но Роналдо иако скокна не играше со топката, па голот беше запишан на Фернандеш. Се обидуваа Уругвајците, влезе и Суарез во нападот, меѓутоа реализацијата изостана. Точка на натпреварот беше ставена во судиското продолжение кога Бруно Фернандеш го реализираше досудениот пенал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани,…

Поранешниот владетел на Катар, шеикот Хамад бин…

Муцунски од Катар: Продлабочување на економската и…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

Товарен брод погоден со проектил во близина…

Товарен брод се запалил во близина на…

Украина и Катар потпишаа договор за заеднички…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес на…

Турција потврди дека нема преживеани по падот…

Сите седум лица во воениот хеликоптер што…