Почна изградбата на Кичево – Букојчани: Нови 11,5 километри автопат на Коридорот 8

t

Официјално започна изградбата на автопатската делница Кичево – Букојчани, долга 11,5 километри, која претставува важна алка во целосното автопатско поврзување на Скопје со Охрид и Струга. Рокот за изградба е четири години.

Инвестицијата е проценета на околу 139 милиони евра, а проектот се реализира со финансиска поддршка од Европската банка за обнова и развој и грант од Европската Унија од над 20 милиони евра.

Делницата се гради на сложен планински терен и ќе вклучува мостови, вијадукти, тунел и две клучки. По завршувањето на сите делници од Коридорот 8, според најавите, патувањето меѓу Скопје и Охрид ќе се скрати на околу час и половина.

Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека инвестициите во патната, железничката и енергетската инфраструктура се дел од пошироката стратегија за подобро регионално поврзување на земјата преку паневропските коридори 8 и 10.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почна изградбата на Кичево – Букојчани: Нови…

Официјално започна изградбата на автопатската делница Кичево…

(Видео) Јотова за Ива Михајлова: Утрово дознав…

Бугарската претседателка Илијана Јотова изјави дека дури…

Кривична пријава за поранешен директор на „Национални…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе…

Скопјанец превезувал седум мигранти кај Богородица, полицијата…

Полицијата уапси 39-годишен скопјанец откако во автомобил…

Дива свиња излетала на патот кај Гевгелија:…

На 10.10.2026 во ОВР Гевгелија е пријавено…