Првата аукција за продажба на акциите на АЛТА банка АД Битола ќе биде на 30 ноември

t

Народната банка ја започнува постапката за продажба на доминантниот акционерски пакет во Алта Банка АД Битола, со цел да се обезбеди нов сопственик и да се создадат услови за продолжување на стабилното работење на банката.

На продажба се понудени 372.742 обични акции, односно 95,336 проценти од вкупниот број акции, кои се во сопственост на Алта банка АД Белград – во стечај. Продажбата ќе се реализира преку Македонската берза, по принципот „сè или ништо“, што значи дека заинтересираните инвеститори ќе мора да го купат целиот пакет, без можност за делумно преземање. Првата јавна берзанска аукција е закажана за 30 ноември 2026 година, со почетна цена од 3.777 денари за акција.

Доколку на првата аукција не се најде купувач, продажбата ќе продолжи на 1, 2, 3, 4 и 7 декември. Почетната цена на секоја следна аукција ќе биде намалена за 10 проценти во однос на претходната. Заинтересираните инвеститори имаат рок до 19 ноември да поднесат барање до Народната банка за добивање претходна согласност за стекнување квалификувано учество во Банката. Треба да достават и писмена изјава дека располагаат со средства за купување на акциите.

На аукциите ќе можат да учествуваат само инвеститори кои ги исполнуваат законските услови. Со оваа постапка Народната банка прави чекор кон обезбедување нов сопственик на „АЛТА банка“ Битола, со цел да се овозможи нејзино натамошно работење и да се заштитат интересите на штедачите и клиентите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Првата аукција за продажба на акциите на…

Народната банка ја започнува постапката за продажба…

Привремениот администратор на АЛТА банка: Никако не…

Илија Андовски, привремен администратор на АЛТА банка…

НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…

НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…

Вице-гувернерката Митреска: Мерките на НБРМ за АЛТА…

Ана Митреска, вице-гувернер на НБРМ, сведочеше на…

Славевски: Алта банка е стабилна, сите процедури…

Алта банка АД Битола е стабилна, со…