Предновогодишно, владата драстично го намали буџетот за проекти од областа на културата: Планираните 135 милиони станаа 14 милиони денари
Со потпис на премиерот Христијан Мицкоски, владата на 30 декември донела одлука да се намалат парите за проекти од областа на културата за единиците на локална самоуправа. Од планираните 135,5 милиони за тринаесет проекти, државата ги крати парите на 14,8 милиони денари.
Од планираните проекти, пари останаа само за реконструкцијата на културниот дом „Ацо Караманов“ во Радовиш – 7,2 од предвидените 8,3 милиони денари, за изградбата на нов културен дом во Петровец – 5,9 од предвидените 6,2 милиони денари и за основниот проект за изградба на културен дом во Чучер Сандево – 1,7 милиони од предвидените 6,8 милиони денари.


Извиси најавуваниот мултикултурен центар во Аеродром – за него има нула од предивдените 21,5 милиони денари, а нема пари ниту за конзервација и реставрација на калдрмата во Старата Скопска Чаршија, терариум и живеалиште на копитари во битолската Зоолошка градина, ИСАР-от во Штип, реконструкција од Стоковна куќа Радовиш во културен центар и седум други проекти.
Паднала и одлука, наместо пари да бидат распределени од буџетите за 2026 и 2027 година, да се пролонгира за уште една година, односно 2026, 2027 и 2028 година. Првичната распределба на средствата е донесена во јули годинава, кога со седницата претседавал вицепремиерот Љупчо Димовски.

Инфомакс испрати прашања до владата, зошто на еден ден пред Нова година се изменила одлуката за распределба на средствата, но одговор не добивме.
Александар Тодески
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Училишна кошничка до 15 проценти попуст, е…
Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна…
Владата го демантира СДСМ: Шише вода од…
Владата ги отфрли како „невистинити“ и „целосно…
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…
Влада: Обезбедени се над 10 милиони евра…
Владата донесе Одлуката со која се менуваат…