Приведен крадец во Скопје за издржување двегодишна казна затвор
Денеска (22.06.2024) во 09.20 часот на ул.„Благоја Стефковски” во општина Гази Баба – Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.К.(44) од Скопје, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од две години за сторено кривично дело „тешка кражба” по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето било предадено во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…
Со цел да не се шират шпекулации…
Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…
Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…