Објавено на:

Притвореник се задушил откако ја запалил ќелијата во затвор во Тирана

t

Несекојдневен инцидент се случил во притворското одделение во полицискиот комесаријат во Камза, општина во Тирана, кога притвореник ја потпалил просторијата, во која се наоѓало уште едно притворено лице.

Од пламените јазици и задушувањето, во болница починал Арбен Мици(26), уапсен за „семејно насилство”, кој според првичните спознанија од увдот, поради отежната психолошка состојба со запалка ја запалил просторијата во која престојувал.


Повредени, но надвор од животна опасност се и Дилавер Идризи, уапсен за убиство во обид, како и полициски службеник.

Двајца полициски службеници од обезбедувањето во просториите за задржување на приведените се уапсени за „злоупотреба на службена должност” и „непомагање” а уште тројца, меѓу кои раководителот на секторот, се суспендрани и се води истрага на слобода, за неизвршување на овластувања.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ШИШ предупредува: Албанските затвори се расадник на…

Албанската државна разузнавачка служба ШИШ во извештајот…

(Видео) Македонските затвори се како академија за…

Наместо да се покаже дека не треба…

Предавниците во затвор: Русија ќе казнува државјани…

Државната дума во прво читање го усвои…

20 години затвор за војници што ќе…

До Руската Дума е поднесен предлог-закон, според…

Полицијата на нозе: Затвореник требало да биде…

Во близина на затворот Спуж во Црна…