Проблем пред квалификациите за СП: Норвешка не сака да игра со Израел
Во март треба да почнат квалификациите за Светското првенство во 2026 година, а ФИФА се соочи со проблем кој се заканува да создаде многу неволји.
Фудбалската федерација на Норвешка, преку својата претседателка Лисе Клавенес соопшти дека репрезентацијата на оваа земја не сака да игра со Израел, поради војната на Блискиот Исток.
„Никој од нас не може да остане рамнодушен на нападите кои Израел веќе подолго време ги врши врз цивилното население во Појасот Газа. Ја поддржуваме норвешката влада во барањето за итен прекин на нападите и не сакаме да играме со Израел“, изјави Клавенес.
Норвешка и Израел треба да играат во второто коло од квалификациите, а домаќин ќе биде Израел, најверојатно во Унгарија. Во оваа група се уште Молдавија, Естонија и поразениот од дуелот во Лигата на нациите меѓу Германија и Италија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Тајкунот Богољуб Кариќ ќе се кандидира за…
Извршниот комитет на Движењето за силата на…
Семејно насилство: Татко крвнички го истепал 12-годишниот…
Татко од Крива Паланка бил насилен кон…