Пронајдена и одземена дрога на територија на СВР Тетово
На 02.10.2026 во 23:35 часот на ул. „Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.А. (20) од с. Непроштено поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од КЗ. При преглед кај него е пронајдена кесичка со бела прашкаста материја. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 02.10.2026 во 23:40 часот во с. Палатица, во близина на бензинска пумпа, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода В.М. (22) од с. Требош и Е.К. (24) од с. Палатица кои се превезувале со патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки и при преглед кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена тешко повредена во Тетово, паднала додека…
Денеска во СВР Тетово е пријавено дека…
Училиштата во Тетово повторно мета на лажни…
Лажни дојави за бомби повторно ги вознемирија…
Хаос во Тетово: насилник ѝ се заканувал…
Пресметка меѓу повеќе членови на две семејства…
Маж од Тетовско две години ѝ барал…
Маж од Тетовско две одини ја уценувал…
Му побарале уплата на шалтер, тој го…
Инцидент се случил во Клиничката болница во…