Пронајден мртов исчезнатиот новинар и презентер на Би-Би-Си на грчкиот остров Сими
Британскиот новинар и презентер на Би-Би-Си, познат по емисијата „Верувај, ми, јас сум доктор“ (Trust Me I’m a Doctor) Мајк Мосли, кој во средата исчезна на малиот грчки остров Сими, претпладнево беше пронајден мртов, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчките медиуми, телото на 68-годишниот Мосли било пронајдено во карпест дел во близина на плажа, а откриено со помош на видеоматеријали снимени од новинарските екипи.
Градоначалникот на Сими Лефтерис Папакалодукас, кој учествуваше во потрагата по новинарот, за телевизијата „Опен“ рече дека најверојатно паднал и починал.
Бев во чамецот со кој отидовме да ја најдеме пештерата за која рекоа дека можно е да отишол. Камерите снимаа и камерата на ЕРТ сними предмет, покрај оградата, на десет метри од плажата. Човекот е мртов. Како е можно? Стигнал до неговата дестинација и на десет метри од плажата на која има 200 луѓе никој не го видел. Паднал и загинал, рече градоначалникот на Сими.
Мосли на островот бил на одмор заедно со неговата сопруга и пријатели, во средата попладне му се изгуби трагата, по што и започна потрагата која со несмален интензитет траеше до претпладнево.
Во средата заминале на плажа, по што новинарот одлучил да се врати сам, пеш, во време кога на островот било особено топло со температура од околу 40 степени Целзиусови, а не го носел мобилниот телефон.
Сими е мал остров во јужниот дел на Егејското море, во близина на Родос и има нешто повеќе од 2.500 жители.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЕ ЧЕКА СО ЧАСОВИ: Километарски колони на…
Километарски колони возила се создадени вечерва на…
Трагедија на Халкидики: српски турист извлечен мртов…
Од морето во областа Сарти, на Халкидики,…
Над еден милион патници влегле во Грција…
Над еден милион патници, односно 1.100.000 лица…
Пожарите оставија пустош во Грција — 118…
Инспекциите на објектите оштетени во пожарите во…
Грција и Бугаријa против „Мајка Македонија“ во…
Иницијативата за подигнување споменик „Мајка Македонија“ во…