Професорот Давитковски објасни: Случајот со Бесмира Ејупи и нејзината сестра може да се толкува како злоупотреба на службената положба!

t

Исплатата на буџетски средства кон лица ангажирани со договор на дело, без претходна согласност од Министерство на финансии, претставува злоупотреба на службена положба, вели тој за Фокус.

Ангажирањето на луѓе од страна на институциите под договор на дело е незаконска практика, оценува универзитетскиот професор Борче Давитковски, коментирајќи ги информациите што ги објави Фокус дека несудената конзулка во Њујорк Бесмира Ејупи и нејзината сестра Фатиме Ејупи биле ангажирани на овој начин од повеќе институции, со образложение дека се соочувале со недостиг на кадар поради неможност да спроведат редовни постапки за вработување.

Согласноста од надлежното Министерство за финансии е неопходна за реализација на редовните вработувања согласно систематизацијата. Законски, дозволен е ангажман и на луѓе под договор на дело во итни и вонредни ситуации, но, исто така, и за нив е потребна согласност од Министерството. Но, ваква согласност нема, па се поставува прашање како инсттиуциите ги плаќаат овие лица, од кои буџетски ставки? – вели Давитковски за Фокус.

Со оглед дека самите институции кои ангажирале голем број на луѓе со договор на дело признаваат дека тоа го направиле бидејќи не добиле согласност за редовни вработувања, Давитковски тврди дека се работи за кривично дело. Според него, тој што ги ангажира луѓето на овој начин врши злоупотреба на службена положба и овластувања. Но, додава тој, кривично дело врши и оној, односно оние што примаат буџетски средства без да бидат ангажирани во процедура предведена со Законот за административни службеници.

-Факт е дека со години со договор на дело се ангажираат подобни и партиски кадри, кои треба да вршат службенички работи за кои има недостиг на кадар, но дали воопшто работат нешто? Во многу органи дури има ангажирано исто луѓе под договор на дело колку што има и редовно вработени. Ако се има во предвид дека многу од овие лица се ангажирани на ист начин од неколку институции истовремено, произлегува дека некои од нив на крај на месец имаат повисоки примања од плата на министер – посочува експертот по управно право.

Откако обелоденивме дека Бесмира Ејупи од Државното правобранителство и четири општини (Сарај, Петровец, Чаир и Брвеница) наплатила околу 12 илјади евра за нецела година, Антикорупциската комисија отвори предмет за проверка на основите за исплатиле, па доколку се утврат елементи на кривично дело, Јавното обвинителство најавува дека ќе преземе кривичен прогон. Подоцна, се испостави дека и нејзината сестра инкасирала над 5 илјади евра од ДП и од ДИК.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица го обвини градоначалникот на Ѓорче Петров,…

152.000 ДЕНАРИ МЕСЕЧНА ПЛАТА НЕ ГИ ЗАСИТУВА…

Крадење по “европски” терк: Јавниот обвинител на…

Европската јавна обвинителка Лаура Кодруца Ковеси конечно…

Германец и Белгиец снимале голи деца во…

Истарската полиција уапси 61-годишен Германец и 57-годишен…

Грчката јавност згрозена: Маж злоупотребувал 12-годишно девојче…

Грчката јавност веќе неколку дена со неверување…

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен…