(Видео) Тиктокерот уапсен во Грција е Албанец, злоупотребувал лица со попреченост и девојчиња

t

Флорјан Зани, познат како Хајат e лицето кое го уапси грчката полиција под сомнение дека навредувал и малтретирал хендикепирани лица и девојчиња.

Овој 35-годишен Албанец со грчка адреса е популарен лик на социјалната мрежа Тик Ток во Грција, а спорните видеа кои ги емитувал во живо од неговиот стан биле со цел да ја зголеми гледаноста и заради финансиската добивка.

Зани беше уапсен во вторникот напладне и се очекува да се појави пред судот кој ќе му изрече соодветни мерки по обвинениетот за расизам, физичко повредување на ранливи лица и навреди.

Со илјадници следбеници на социјалните мрежи, Зани е обвинет и за блудни дејствија со девојки кои ги поканил да учествуваат во неговите видеа емитувани во живо на ТикТок и ЈуТјуб. Полицијата упадна во просториите каде Албанецот вршеше директни преноси, пишуваат албанските медиуми за случајот.

Грчките медиуми јавуваат дека како материјален доказ се запленети повеќе компјутери, хард дискови и компјутерски програми. Се очекува да продолжат истрагите за документираните злоупотреби што можеби ги направил 35-годишниот Албанец.

Обвинетиот, според информациите, ги негира обвинувањата и наводно останува на ставот дека не станува збор за експлоатација, бидејќи имало согласност. Конечно, тој тврди дека има резерви за тоа дали навистина се работи за луѓе со ментална попреченост.

Во неговиот дом, полицијата пронашла две лица со пречки во развојот кои Јутјубер ги искористувал за што глумат во контроверзните видеа од кои заработувал.

Грчка Прототема објави дел од хорор видеата на кои се гледаат маж и жена со интелектуална попреченост како жртви на навредливото однесување на 35-годишникот.

На двете видеа, се гледа како младиот човек кој глуми како бара пари што му ги должат „продуцентите“ , а потоа е безмилосно претепан од Јутјуберот и неговата банда.

Инаку во ноември минатата година во Керацини беше уапсен уште еден Јутјубер кој извршил слични дела на злоупотреба на млади со ментална попреченост. Показател за степенот на злоупотреба е фактот што тогашната истрага откри 554 хорор видеа што ги гледале 22.000 претплатници кои плаќале до 150 евра за да ги гледаат жртвите како страдаат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петковиќ удри по Бакојани: СРАМ ДА ВИ…

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија,…

Грција нема шанси да испрати во Украина…

Грција нема шанси да испрати во Украина…

Станала директорка со лажен сертификат за познавање…

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање…

Двајца Срби, членови на бандата Пинк Пантер…

Полициски службеници од грчкиот Оддел за гонење…

Директорот на ФБИ: „ТикТок“ е проблем за…

Директорот на ФБИ, Кристофер Реј изјави дека…