Објавено на:

Пукна тиквата: Украинците “ифрит” лути на Макрон заради една изјава

t

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, смета дека е од витално значење Русија да не излезе од војната понижена, изјава која ги налути Украинците.

Шефот на украинската дипломатија Дмитриј Кулеба му порача на Макрон дека со оваа изјава всушност ја понижил и својата земја и себеси.

„Русија е таа што самата се понижува. Сите ние подобро да се фокусираме на тоа како да ја ставиме Русија на местото каде припаѓа . Така, ќе се донесе мир и ќе се спасат човечки животи“, напиша Кулеба на Твитер.

Што точно рече Макрон?

Претседателот на Франција даде големо интервју во кое рече дека верува оти Русија прави историска и суштинска грешка на штета на сопствениот народ и на целата држава.

Сепак, многу поголемо внимание привлече контроверзната изјава во која тој вели дека Русија не смее да се понижува, пишува Би-би-си.

„Не смееме да ја понижуваме Русија за да можеме на денот кога ќе престанат борбите, да изградиме излезна стратегија преку дипломатијата “, рече Макрон во интервјуто за регионалните весници.
Макрон неколку пати разговараше со Путин по телефон во обид да посредува и да издејствува прекин на огнот и преговори меѓу Русија и Украина.

Франција воено и финансиски ја поддржа Украина, но Макрон досега не го посети Киев во знак на симболична политичка поддршка како другите лидери на ЕУ, иако Украина тоа го очекуваше.

Исто така, обидите на Франција да одржува дијалог со рускиот престедател Путин се спротивни на позициите на САД и Велика Британија. Дополнително, Киев е на мислење дека Русија не смее да добие никакви отстапки од Украина или од Западот, бидејќи руската инвазија е меѓународно осудена како брутална агресија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради…

Полска ја предупреди Украина за последиците од…

Украина ќе добие над 6 милијарди евра…

Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе…

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

Речиси 3 недели екстремна топлина во Франција,…

Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе…