Ристовски призна: Сѐ уште сме во еуфорија – Ваквите победи ќе бидат запишани во историјата на Македонија!

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски призна дека сѐ уште македонската репрезентација е во еуфорија после епската синоќешна победа во Палермо, но дека од утре почнува подготовката за послендиот и најважниот меч за мундијалската виза во Катар, во Порто против Португалија во вторник навечер.
Македонија победи со 1-0, па националните херои попладнево се вратија од Сицилија и денеска ќе прослават на плоштадот, а од утре почнува завршната подготовка за пресметката со Кристијано Роналдо и „европските Бразилци“.
„Сѐ уште сме под еуфорија, но без оглед на сѐ, нас нѐ чека уште еден меч. Ваквите победи ќе останат запишани во историјата на Македонија. Ете денеска нека остане да прославиме, да се регенерираме, па од утре да се подготвиме за следниот меч. Среќен сум и горд сум на овие момци, кои се трудат да дадат сѐ од себе и постигнуваме одлични резултати. Имаме млади дечки кои даваат огромен придонес, кои можат да се носат во ваков притисок, а кога ќе се соочите со вакви предизвици, емоциите едноставно излегуват“, рече Ристовски на скопскиот аеродром по враќањето на фудбалската експадиција од Сицилија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Документи)Македонската Православна Црква ќе се преименува, не…
Бидејќи се поделивме по сите основи, без…
Сефте победа на македонските одбојкари за убедлив…
Во својот прв настап одбојкарската репрезентација на…
Кирил Лазаров и Филип Миркуловски ќе го…
Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил…
Ракометна радост: Македонија ја победи Романија
Македонската ракометна репрезентација одигра натпревар со моќен…
Емотивна македонска поезија за војната
Профилот „Македонска поезија“ на социјалните мрежи со…