Објавено на:

(Видео) Русија ги покажа забите: Oдржува поморски воени вежби на три фронта

t

Од корветата на Пацифичката флота на руската морнарица, во Охотското Море успешно беа лансирани ракети како дел од нападот на замислен непријател. Во исто време, воените вежби на морнарицата се одржуваат и во две други мориња – Баренцовото и Каспиското Море.

Како што соопшти прес-службата на Тихоокеанската флота, на вежбите меѓу другите учествуваат и корветите „Громки“, „Херој на Руската Федерација Алдар Циденжапов“. Нивната задача била да ги откријат бродовите на замислениот непријател што се упатиле кон руските територијални води.

По обидот да воспостави врска со непријателските бродови, замислениот непријател употребил ракетно оружје „малахит“, а екипажот на корветата возврати со ракети „Редаут“.

Маневрите вклучија и поставување на радарски забранувачи. Да потсетиме, на маневрите во водите на Охотско Море беа ангажирани 20 борбени и придружни бродови, како и авиони и хеликоптери.

Во Баренцовото Море се одржаа вежби за противвоздушна одбрана со учество на бродови на Северната флота. Главната задача за време на маневрот беше да се одвратат воздушните напади од бродови и авијација на замислениот непријател.

Во вежбите учествуваа нуклеарниот крстосувач „Петар Велики“ и фрегатата „Адмирал на флотата на Советскиот Сојуз Горшков“.

Прес-службата на Јужниот воен округ објави дека 20 бродови на Касписката флота од базата Махачкала почнале со маневри во Каспиското Море.

Во согласност со планот за подготовки на руската армија за оваа година, во периодот јануари-февруари се планирани серија поморски вежби, а главна задача е заштита на руските интереси во светското море и спротивставување на заканите.

Вкупно учествуваат повеќе од 140 бродови, над 60 авиони, 1.000 единици воена опрема и околу 10.000 војници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Западнонилската треска се шири во Грција: 110…

Бројот на заболени од западнонилска треска во…

Гренланд го запира нафтениот проект на Трамп

Властите на Гренланд принудија американска нафтена компанија…

Нема долго чекање за издавање пасош во…

И покрај зголемениот број барања за лични…

Муцунски: Мора да има одговорност за ширење…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…

Доктор Чибишев: Ако имаше ешерихија коли во…

Токсикологот и професор на Медицинскиот факултет при…