Русија доби 48 часовен ултиматум од Украина

Украина побара средба со Русија во наредните 48 часа за да ги објасни своите планови додека западот ги засили предупредувањата дека руска инвазија може да се случи во секое време. Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Колеба, кажа дека Москва досега ги игнорираше официјалните барања да објасни зошто распоредила толку војска на границата.
Русија постојано негира дека планира да ја нападне Украина, додека западните сили предупредуваат дека се подготвува за воена акција и голем број држави им порачаа на своите граѓани веднаш да ја напуштат Украина.
„Во петокот побаравме од Русија да ги објасни своите намери согласно правилата од Виенскиот договор, што го потпишаа сите членки на ОБСЕ, па така и Русија. Ако е сериозна кога зборува за еднаква безбедност во Европа, таа мора да ги исполни своите обврски за воена транспарентност, со цел да се намалат тензиите“, изјави Колеба.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека досега не видел докази дека Русија планира инвазија во наредните денови и порача да не се шири паника.
Амбасадорот на Украина во Лондон, Вадим Присталко, навести дека неговата земја би можела да се откаже од амбициите да му се придружи на НАТО со цел да се спречи војна. Тоа е едно од клучните барања на Русија, додека САД и сојузниците одговорија дека за тоа нема да дебатираат.
За тоа време, продолжуваат дипломатските напори на светските лидери, па германскиот канцелар Шолц денеска ќе патува за Киев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…