Сакав да извадам бугарски пасош: Главниот и одговорен уредник на Канал 5 си ја отвори душата

t

За манипулациите и вистината

Кога немаш една дамка во работата, а сакаат да те дискретираат, посегнуваат по последното, најниско, средство – ти копаат во минататото и приватноста. И потоа тоа обично го пласираат по стариот удбашки рецепт, како полувистини, и најчесто со цел да дефокусираат и да го отргнат вниманието од себе си. Таква е и “веста” за мојот “отказ од бугарско државјанство”.


За да не влечкам “опашки” и поединечно да одговорам на прашања од типот “абе што е она, нешто читав”, еве објаснување за сите искрени пријатели и уште повеќе за душегрижниците:

По затворањето на А1, во 2011 година, кога останав без работа со месеци и бев на работ на езгистенцијата, со сопругата почнавме сериозно да размислуваме за заминување во странство. Со оглед дека со нашиот пасош, и тогаш како и сега, тешко е легално да се престојува и работи во земјите во ЕУ (освен секако за стручните кадри), решивме како и многумина наши сограѓани со слични егзистенционални маки, да пробаме да извадиме БГ пасоши. За жал немаше, а и сега нема, друга држава на ЕУ што ги дава толку лесно (мотивите ги гледаме сега), речиси без никакви критериуми.

Поднесовме апликација, која по една година ни беше одбиена, бидејќи во меѓувреме го смениле законот и освен изводи на родени и потврда за неосудуваност, почнаа да бараат и некакви докази за “бугарски корени”. Јас такви ниту имам, ниту сум ги “барал”. Моето потекло најмалку 300 години наназад е од срцето на Македонија – по мајчина страна од Ореше, велешко, по таткова од Габровник, прилепско.

И тука заврши приказната. За среќа, во меѓувреме прво Фокус, а потоа и 24 Вести, ги подотворија вратите за “озрачените од А1”, па почнав пак да работам и веќе не ни размислував за заминување од земјата. Ни тогаш, ни сега, не мислам дека е решение сите да се иселиме, туку кој колку може во својот домен да се бори да ја направиме Македонија пристојно место за живеење.

Значи лага е дека сум добил “отказ од бугарско државјанство”, оти за да добиеш отказ од нешто, прво треба да го имаш. Јас немам и никогаш сум немал бугарско државјанство, па никако не сум можел да добијам “отказ”.

Дали се каам? Од денешна перспектива, да. Тогаш бев млад, имав 28 години, и наивно верував дека Бугарија сака вистински да им помогне на “браќата” во Македонија. Денес е јасно дека ова е само една од нивните алатки за “докажување” дека во Македонија има 100 и не знам колку илјади Бугари, што е секако свесна манипулација, бидејќи и тие знаат дека 99% од Македонците ги вадат пасошите од економски причини, некои за егзистенција, некои за бизнис. Инаку, пасошот во нормалниот свет е документ за врска меѓу индивидуа и држава, само за Бугарија е “доказ” за некаква етничка припадност.

Тоа е приказната, моја лична, приватна, која во нормални услови не би требало да го засега никого освен мене. Ама ете, тоа било “цената на јавната работа”. Јас ќе продолжам да живеам и работам чесно, според принципи и вредности, без да повредам или да наштетам некому (освен себе си понекогаш). И така ќе биде додека сум жив, каде и да сум, што и да правам, оти за мене животот и нема друга смисла.

Не знам само како им е на оние трговци со човечки души што се збогатија на маката на Македонците, ама сигурен сум, не можат да го кажат истото. А секако на крајот, на сите ќе ни суди Господ, пишува на Фејсбук главниот и одговорен уредник на Канал 5, Гоце Михајловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Европол открива aтeнтат врз Вучиќ, од…

Нов скандал го тресе МВР на Спасовски.…

Тони Михајловски разочаран: Ми дојде желба да…

Македонскиот актер Тони Михајловски на својот профил…