СДСМ: ЗНАМ тотално се распаѓа на сите нивоa
По пратеникот во Собранието Миле Цеков, уште еден член на ЗНАМ го напушта владејачкото мнозинство, овој пат советничката Мирјана Стеваноска на ЗНАМ во Советот на општина Прилеп, тоа значи дека ЗНАМ се распаѓа на сите нивоа, реагираат од СДСМ.
„Оваа група, создадена од Максим Димитриевски, а финансирана од Мицкоски и ВМРО-ОКГ со единствена цел растурање на СДСМ, прво ја предаде својата матична партија, а потоа и своите гласачи со влегувањето во тендер коалицијата со најголемиот непријател на Македонија – криминалната организација ВМРО-ОКГ.
Како што самиот пратеник Цеков јавно кажа дека ЗНАМ ги изневери своите избирачи и дека не исполнил ништо од предизборните ветувања, сега тоа го гледаат и останатите членови“ се наведува во соопштението на СДСМ.
Од СДСМ се обратија и до членовите на ЗНАМ за кои како што велат се водат од интересот на граѓаните.
„Веруваме дека постојат уште луѓе во ЗНАМ кои беа измамени и кои не се водени од личен интерес, туку од интересот на граѓаните на Македонија. На нив им порачуваме: не останувајте како соучесници и соработници во најголемото предавство на земјата заедно со криминалната група. ЗНАМ се распаѓа“ велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: ЗНАМ тотално се распаѓа на сите…
По пратеникот во Собранието Миле Цеков, уште…
Нема Македонец ниту како патник ниту како…
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) е подготвен…
„Не сум декор во политички театар“ –…
Советничката на ЗНАМ во Советот на Општина…
Жерновски: Мицкоски лажеше дека ќе го поништи…
Нас ни е многу битно денеска да…
79 годишен скопјанец допирал по телото малолетна…
МВР информира дека доцна синоќа во 23:00…