СДСМ: Со ДПМНЕ безбедносната состојба во земјата се влошува

t

Се влошува безбедносната состојба во Македонија. Само 2 месеци откако ДПМНЕ и Тошковки ја преземаа одговорноста на улиците владее хаос, велат од СДСМ.

Во само два месеца, се случи свирепо убиство на младо момче, убиства и пресметки на криминални групи, опожарени возила, а денеска и пукање. 

ДПМНЕ не се способни да ја гарантираат безбедноста и сигурноста на граѓаните.

Загрозувањето на иднината на граѓаните ќе доведе до нови ризици, налик на 11 годишното владеење на ДПМНЕ кога стравувавме од секојдневни тепачки во градските автобуси, поттикнување на меѓуетничка нетрпеливост и кога МВР беше ставена во целосна услуга на Белата палата. 

ДПМНЕ е единствено способна сѐ досега вложено за европска перспектива на државата, да го сруши за миг. 

Граѓаните не сакаат неизвесност и несигурност, сакаат безбедни улици, сигурност и стабилност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дрин Ахмети го демантира Лефков: Ги извршиме…

Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ,…

Ај што е незаконски назначен… Новиот директор…

Рециклиран кадар на СДСМ преку ЗНАМ на…

СДСМ: Го охрабруваме Тошковски да почне истраги…

Го охрабруваме Тошковски да спроведува истраги и…

(Видео) Мециновиќ до ДПМНЕ и ЗНАМ: Вие…

Реплика на пратеникот од Левица, Амар МЕЦИНОВИЌ,…

Тошковски го потврди имотот во зградата со…

Министерот Панче Тошковски, потврди дека има имот…