Секоја одлука на Касами е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ – Во Тетово Беса и ДПМНЕ се лонче и капаче, велат од СДСМ

t

Соработката помеѓу политичката партија БЕСА на градоначалникот Касами и ВМРО-ДПМНЕ не престанува да ги изненадува граѓаните на Тетово, вели претседателот на подмладокот на СДСМ, Марко Михаилоски.

– Иако често може да ги забележиме како заедно се фотографираат со проектите кои што се подржани од Владата предводена од СДСМ, мора да се осврнеме на загрижувачкото влијание, особено во однос на блиската соработка помеѓу градоначалникот Касами и ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Тетово.

Наместо брзо решавање на клучните прашања и предизвиците во Тетово, коалицијата на локално ниво предводена од БЕСА и ДПМНЕ, главен интерес не се граѓаните туку партиските интереси.

Доказ за тесната соработка и меѓусебна согласност на сите одлуки во Тетово меѓу градоначалникот Касами со ВМРО ДПМНЕ од Тетово се речиси половина од директорските и раководните позиции во Општина Тетово кои што ги извршуваат кадрите на ВМРО – ДПМНЕ.

Најважното место во Општината после Градоначалникот е Секретарот, оваа позиција ја извршува Дарко Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Од списокот на директорски места и позиции кои што ги имаат ВМРО-ДПМНЕ со кои директно и блиску соработува со БЕСА на локално ниво се, Директор на ЈП Градски Паркинг – ВМРО-ДПМНЕ, директор на ЈП Капела и православни гробишта – ВМРО-ДПМНЕ, директор на ООУ Андреа Савески – Кикиш – ВМРО-ДПМНЕ, Заменик директор во СОУ 8 Септември – ВМРО – ДПМНЕ, заменик директор на ООУ Братство Миѓени – ВМРО-ДПМНЕ, заменик директор во ООУ Лирија – ВМРО ДПМНЕ.

Ова потврдува уште еднаш дека секоја одлука на Касами е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. Во Тетово Беса и ДПМНЕ се лонче и капаче. – вели Михаилоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дрин Ахмети го демантира Лефков: Ги извршиме…

Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ,…

Ај што е незаконски назначен… Новиот директор…

Рециклиран кадар на СДСМ преку ЗНАМ на…

СДСМ: Го охрабруваме Тошковски да почне истраги…

Го охрабруваме Тошковски да спроведува истраги и…

(Видео) Мециновиќ до ДПМНЕ и ЗНАМ: Вие…

Реплика на пратеникот од Левица, Амар МЕЦИНОВИЌ,…

Тошковски го потврди имотот во зградата со…

Министерот Панче Тошковски, потврди дека има имот…