Селата ќе останат празни, градовите пренаселени – Предвидени 1.284 нови станови

t

Во ноември 2021 година се издадени 406 одобренија за градење, што е за 95,2 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Најголем дел од одобренијата, 137, се во Скопскиот регион. Во општина Карпош се издадени 39 одобренија, во Сарај 16, по 12 нови дозволи има во Центар и во Бутел, по 11 во Гази Баба, Кисела Вода, Илинден и Чучер Сандево.


Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 9.580.435.000 денари, што е за 398,5 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Зголемената предвидена вредност се должи на фактот дека во наведениот период е издадено одобрение за градење на објект од нискоградбата со поголема вредност, ветерна електрана во Југоисточниот регион, појансуваат од ДЗС.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 248 (61,1 процент) се наменети за објекти од високоградба, 43 (10,6 проценти) од нискоградба и 115 (28,3 проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 406 објекти, на 235 (57,9 проценти) како инвеститори се физички лица, а на 171 (42,1 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1.284 станови, со вкупна корисна површина од 100.799 метри квадратни. Најмногу се во Скопскиот регион, 953, од кои 598 во Аеродром, 96 во Чаир, 93 во Карпош, 46 во Кисела Вода, 31 во Центар… Зад Скоспкиот по број на предвидени станови е Полошкиот со 148, од кои 69 во Тетово и 59 во Гостивар. Во Југоситиочниот, пак, се предвидени 74 станови, во Југозападниот 49, во Вардарскиот 26, Пелагонискиот 17.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина демантира дека Русите го освоиле Херсон

Украинското Министерство за одбрана ги демантираше информациите…

Селата ќе останат празни, градовите пренаселени –…

Во ноември 2021 година се издадени 406…

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова…

Најстудено утрово е во Берово со -11…

Трошоците на живот во 2021 зголемени во…

Трошоците на живот во декември биле поголеми…

(Видео) Урнебесно – Села честиташе Велигден за…

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села,…