Симболично ceчење на бадникови гранчиња на Водно во пресрет на Божик
Во рамки на годинешната прослава на Бадник, во месноста Говрлевска Краста, на јужните падини на Водно денеска ќе биде организирана традиционалната средба на скопјани со Кумот и Здравичарот на Бадник 2022 година, со симболично сечење на бадникови гранчиња.
Прославата по 30-ти пат ја организира Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје.
На скопјани ќе им биде обзнането дека се е готово за централното одбележување на Бадник, на 6 јануари на платото пред Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје. Уште еднаш ќе бликнат радост и среќа со бадниковото гранче, во пресрет на Бадник и во предвечерјето на најголемиот Христијански празник Божик, наведуваат од Граѓанското здружение.
Неделната средба ќе се случи точно напладне, кога ќе започне симболичното сечење на бадниковото гранче. Први тоа ќе го направат кумовите и здравичарот – Драган Спасов Дац и Александар Митевски и Живко Поповски Цветин, минатогодишниот кум и здравичарот – д-р Никола Пановски и д-р Миодраг Врчаковски. Најавено е и присуство на градоначалниците на Скопје, Центар и Сопиште, поранешни кумови и здравичари, поканети гости и членови на естрадата. По сечењето на бнадниковите гранчиња ќе следи дружба со песна и игра во прекрасниот амбиент на отворено.
Бадниковото гранче го симболизира здравјето, среќата и славењето на животот. Со него традиционално се украсуваат домовите во пресрет на Божик – раѓањето Христово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Католиците и дел од православните го слават…
Католичките верници и дел од православните христијани,…
Католиците денеска го празнуваат Бадник, утре Божиќ:…
Католиците ширум светот денеска го слават Бадник,…
Падна снег и на Водно
Студениот бран ги донесе првите снегулки во…
Тешко повреден велосипедист: Автомобил удрил во него…
На 19.05.2024 во 13.30 часот во СВР…
Арсовска најави голема акција за пошумување на…
Градоначалничката на Град Скопје заедно со екипи…