Објавено на:

Словачките лекари му забранија на Фицо да дојде на митингот на СНС во Белград

t

Информативната служба на словачкиот премиер Роберт Фицо попладнево објави дека тој не добил дозвола од лекар за патување со авион во Србија.

Поради последиците од обидот за атентат, неговата здравствена состојба сè уште не му дозволува да патува со авион, иако негова голема желба беше лично да дојде во Белград и да присуствува на голем јавен собир на листата „Александар Вучиќ – Единствена Србија“, се вели во соопштението од кабинетот на словачкиот премиер.

Фицо претходно изјави дека „се бори против вирусот“ цела недела и дека ќе се обиде да дојде на митингот на СНС во Белград.

Александар Вучиќ вчера изјави дека премиерот на Словачка, Роберт Фицо, ќе биде гостин на митингот на Српската напредна партија (СНС) во салата „Белградска арена“, но тоа не се случи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фицо пренесен во Банска Бистрица, нема време…

Животот на словачкиот премиер Роберт Фицо е…

Фицо: Политиките на ЕУ се деструктивни за…

Словачкиот премиер Роберт Фицо вети дека ќе…

Словачкиот премиер ја запре комуникацијата со четири…

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска ја прекина…

Новата словачка Влада најавува нови даноци

Новата словачка Влада планира да ги зголеми…

Фицо: На ЕУ ѝ е здосадено од…

Според словаќчкиот премиер Роберт Фицо, Европскиот совет…