Словенците праќаат тенкови во Украина
Словенечкиот премиер Роберт Голоб денеска постигна договор со германскиот канцелар Олаф Шолц за испраќање 28 словенечки тенкови М55С во Украина, за што Словенија ќе добие 40 германски транспортни возила од Берлин, соопшти кабинетот на словенечкиот премиер, а пренесе агенцијата СТА. .Голоб и Шолц во телефонски разговор се договориле Словенија да добие 35 воени камиони 8х8 и осум тешки цистерни 8х8 од Германија. Кабинетот на премиерот Голоб соопшти дека договорот е склучен „во духот на солидарноста со украинскиот народ“ кој се бори против руската агресија, додека оваа „размена ќе ја зајакне и одбранбената соработка меѓу Словенија и Германија“.Пред неколку месеци Словенија и Германија преговараа за можноста Љубљана да донира тенкови М84 на Украина, а за возврат да добие помодерни тенкови од Германија. Тој договор се уште не е постигнат. Словенечкиот и германскиот лидер разговарале и за енергетската криза и за ситуацијата во Западен Балкан, каде ја поддржале европската перспектива на земјите од таа област, пишува СТА, пренесе Индекс.хр.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп сака конфликтот во Украина да заврши…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…
Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…
Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради…
Полска ја предупреди Украина за последиците од…
Украина ќе добие над 6 милијарди евра…
Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе…