Собранието пресече: Техничката влада заминува во историјата
Собранието ги усвои клучните измени на Законот за Владата, со кои конечно се предвидува укинување на концептот на техничка (Пржинска) влада. Сепак, оваа законска измена нема да стапи на сила веднаш, туку ќе има одложено дејство.
Новите законски измени поминаа низ собраниските филтри и беа изгласани со убедливо мнозинство од присутните пратеници, објави 4news.mk Гласањето заврши со следниот биланс:
ЗА: 70 гласови
ПРОТИВ: 11 гласови
Клучната одредба во изгласаниот Закон предвидува укинувањето на преодната влада да се реализира после следните парламентарни избори. Во пракса, ова значи:
Уште една техничка влада: За претстојните парламентарни избори ќе важат досегашните правила, односно повторно ќе се формира техничка влада на 100 дена пред денот на гласањето.
Дефинитивен крај на Пржинскиот модел: Откако ќе заврши следниот изборен циклус и ќе се избере новата влада, моделот на техничка влада дефинитивно престанува да важи и целосно се брише од политичкиот систем за сите идни изборни соочувања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Собранието пресече: Техничката влада заминува во историјата
Собранието ги усвои клучните измени на Законот…
Договор вреден 6 милијарди долари меѓу Албанија,…
Во Тирана е потпишан договор за енергетска…
Филков: Поради бојкотот на СДСМ, одложена е…
Министерството за правда денеска соопшти дека е…
14-годишно момче од Гостивар ја силувал малолетната…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар…
За само три месеци министрите потрошиле над…
Две третини од планираниот буџетски дефицити за…