Објавено на:

Договор вреден 6 милијарди долари меѓу Албанија, САД и Грција за развој на енергетскиот центар во Валона и за снабдување со гас

t

Во Тирана е потпишан договор за енергетска безбедност вреден 6 милијарди долари во присуство на премиерот на Албанија, Еди Рама, и амбасадорката на САД во Грција, Кимберли Гилфојл.

Договорот беше потпишан помеѓу албанската компанија „Албгаз“ и две големи меѓународни компании, едната американска, а другата грчка.

Документот предвидува развој на Енергетскиот центар во Валона и рамковен договор за снабдување со течен природен гас, како важни чекори кон диверзификација на изворите на енергија и зајакнување на енергетската независност, во тесна соработка со САД, како и интеракција со Грција.

-Во Тирана за да ја унапредиме енергетската агенда на претседателот на САД и да му се придружиме на премиерот Еди Рама за да учествуваме на церемонијата на потпишување на историски договор помеѓу Албанија, Venture Global и Aktor LNG USA за 20-годишен договор за американски течен природен гас, објави американската амбасадорка.

Според неа проектот ја зајакнува енергетската и националната безбедност низ целиот регион.

„Кога САД, Албанија и Грција соработуваат, овој регион е поповрзан, побезбеден и попросперитетен, оценила амбасадорката Гилфојл, споменувајќи го претседателот Трамп како „страствен поборник за енергетска безбедност“.

Министерот за енергетика и инфраструктура на Албанија, Енеа Какарачи, за време на церемонијата на потпишување на договорот, вчера доцна попладне, изјавил дека партнерството со САД одразува заедничка визија за изградба на безбедна и одржлива енергетска иднина.

-Централен столб на оваа визија е развојот на Енергетскиот центар во Валона, кој е проект со повеќе компоненти што ќе ја редефинира улогата на Албанија на оваа енергетска мапа, оценил тој, објавија медиумите денеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седми смртен случај од западнонилска треска, почина…

Почина уште еден пациент од западнонилска треска,…

Гаши во „Клик плус“: Платата не треба…

Во гостувањето на „Клик Плус“ на ТВ21…

БДП пораснал за 4,3% во второто тримесечје…

Државниот завод за статистика (ДЗC) објави дека…

Ѓорѓиевски: Зборот е збор – Скопје го…

Зборот е збор, пристигнаа новите возила за…

154 земјоделци поднесоа барања за обештетување, најмногу…

Продолжува проценката на штетите што ги предизвика…