Советот за македонски јазик: Во предлогот се испочитувани самостојноста и официјалноста на македонскиот јазик

t

Точките поврзани со статусот на македонскиот јазик покажуваат дека самостојноста и оригиналноста на македонскиот јазик се испочитувани и дека македонскиот јазик станува еден од официјалните јазици во Европската Унија, констатира Советот за македонски јазик (СМЈ), кој денеска на вонредна седница го разгледал официјалниот предлог кој Владата го објави вчера на својата веб-страница.

„СМЈ смета дека нашата држава и сите високообразовни и научни установи во овие нови околности треба да се залагаат и да работат врз натамошната афирмација и еманципација на македонскиот јазик во европски и во светски рамки. Ова значи дека како државна политика треба да се залагаме за максимално можно отворање лекторати по македонски јазик на универзитетите во странство и во културните центри при амбасадите на Република Северна Македонија“, соопшти Советот при Владата на РМ.

Во соопштението од Советот е наведено и дека на домашен план многу поголемо внимание и грижа треба да се посветат на создавање и вработување подмладок во научната и образовната област македонски јазик, но и да се обрне особено внимание на негување на јазичниот израз во писмена и во усна форма на сите рамништа во нашата држава и надвор од неа.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсовска: Во Град Скопје се формираше совет…

Денеска во Град Скопје се формираше Советот…

Ахмети за спорот со јазикот: Прифатливо е…

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на предновогодишна…

(Видео) Прв македонски филм на „Netflix“ –…

Од петок (24.12) светската публика ќе има…