Спасовски од Вашингтон: Продолжува поддршката од конгресменката Тени за Македонија

t

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска, за време на работниот престој во Вашингтон оствари средба со конгресменката Клаудија Тени, копретседавач со Конгресниот кокус за Македонија, за Американците со македонско потекло.

Како што информира МВР, Спасовски и Тени разговараа за значајната улога на Конгресниот кокус за земјава, за Американците со македонско потекло, генерално за македонско-американската заедница во САД. Притоа, Спасовски ја изрази благодарноста за поддршката и ангажманот во зајакнувањето на меѓусебните односи, промовирање на културната размена и застапување на интересите на македонската заедница во САД.

-Република Македонија се стреми кон сигурна, стабилна и просперитетна иднина во големото европско семејство на ЕУ, а нашите напори се во голема мера фокусирани на продлабочување на демократските реформи, јакнење на владеењето на правото и продолжување на економскиот развој. Во сето ова, македонско-американската заедница и поддршката од САД играат витална улога. Нашата соработка како НАТО сојузници се темели на заедничките вредности на демократијата, човековите права и мирот. Сакаме да ја зајакнеме оваа соработка преку повеќе билатерални иницијативи, заеднички проекти и програми. Во таа насока, дијалогот со претставниците на САД е од суштинско значење, истакна министерот Спасовски, упатувајќи благодарност за личниот ангажман на конгресменката Тени.

Тој се заблагодари и за личните заложби на Тени за почнувањето на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, како и за заложбите за резолуцијата на Конгресот со која септември се прогласува за месец на промовирање и славење на македонскиот јазик, култура и историја на Американците со македонско потекло и нивниот вековен придонес за Америка.

-Македонско-американската заедница ги прифати слободите што ги нуди американското општество и е интегрирана во различни области како уметност, наука, бизнис, политика, медицина, спорт и други, благодарение на можностите за рамноправно учество и придонес во градењето на граѓанските и верските слободи и основните човекови права. Тие станаа активни членови на заедницата, давајќи го својот придонес кон нејзиниот развој. Денеска, со задоволство можам да кажам дека Република Македонија го следи овој модел, стремејќи се кон усовршување на општество каде секој заслужува рамноправна шанса, рече Спасовски и изрази уверување дека Македонија останува посветена на унапредувањето на евроатлантските интеграции и на засилување на институциите.

Министерот Спасовски во оваа прилика побара и поддршка за усвојување на Нацрт-законот за демократија и просперитет на Западен Балкан. Притоа, подвлече дека за Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ и продлабочувањето на Стратешкиот дијалог помеѓу Република Македонија и САД.

Конгресменката Тени изрази задоволство од можноста да се сретнат со министерот Спасовски и во оваа прилика ја истакна својата силна поддршка, посветеност и блискост кон македонско-американската заедница во САД, велејќи дека секогаш е во потрага  по пријател плус Македонец  овде во САД. Таа уште еднаш ја потврди својата поддршка за резолуцијата за месецот септември да биде месец на на промовирање и славење на македонскиот јазик, култура и историја на Американците со македонско потекло и нивниот вековен придонес за Америка. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Маж се самозапали пред израелската амбасада во…

Маж се самозапали пред израелската амбасада во…

Вучиќ: Никој нема да ми наредува, ни…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека ниту…