Средба на Пендаровски со Абазовиќ во Давос

t

Претседателот Стево Пендаровски, за време на учеството на Светскиот економски форум во Давос оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.

На средбата беше изразена подготвеност за унапредување на севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Црна Гора, нагласувајќи ги потенцијалните можности за јакнење на економската соработка.


Двајцата соговорници разменија мислење за актуелните политички случувања во двете земји, во Европа и во регионот на Западен Балкан, реафирмирајќи ги заложбите за регионална стабилност, безбедност и просперитет, преку доследно јакнење на демократските процеси и засилено меѓународно партнерство.

Соговорниците се согласија дека тесната соработка во рамки на НАТО сојузништвото, ќе продолжи и во процесот на интеграција во Европската Унија, како заедничка стратешка цел на двете земји.

Претседателот Пендаровски му честиташе на Абазовиќ за назначувањето на новата функција, посакувајќи му успешен мандат при справувањето како со внатрешните, така и со надворешно-политичките предизвици и цели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

85 санкции за брзо возење на автопатот…

Како што соопштија од МВР, од нив,…

Тинејџерка нападната и ограбена на мостот во…

На 24.06.2022 во 07:50 часот во Полициска…

Скопјанец ја натепал мајка си

На 25.06.2022 во 01.00 часот на подрачје…

Изгоре викендица во Катланово

На 24.06.2022 во 13.00 часот во Полициско…

Нехамер гледа напредок во спорот меѓу Македонија…

Австрискиот канцелар Карл Нехамер смета дека бугарскиот…