Стразбур одлучи дека аболицијата на Иванов, која им ја даде на осомничените од СЈО, била незаконска
Судот за човекови права во Стразбур не ја признава аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, од 2016 година, а која се однесуваше на осомничените од СЈО, и одлучи дека државата со право ја поништила.
Од одлуката која Европскиот суд ја објави денеска, се заклучува дека државата имала право да ги поништи помилувањата, бидејќи тие биле донесени без законска основа во политичка криза.
„Европскиот суд за човекови права едногласно пресуди дека: немало повреда на член 6 став 1 (право на фер судење) од Европската конвенција за човекови права поради законодавната интервенција со која се дозволи поништување на претседателските помилувања и продолжување на кривичната постапка против подносителите на барањето“, пишува во одлуката на судот во Стразбур.
Се почна кога на 12 април 2016 година, тогашниот претседател на државата, Ѓорге Иванов, потпиша над 100 решенија, со кои од затвор се обиде да ги спаси сопартијците, функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а кои се најдоа под кривичен прогон на СЈО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стразбур одлучи дека аболицијата на Иванов, која…
Судот за човекови права во Стразбур не…
Сопругата на Македонецот обвинет за убиство на…
Сопругата на македонскиот државјанин осомничен за убиството…
Разбиена криминална организација во Грција што крадела…
Tри лица се уапсени, а уште 105…
Македонски полицајци летово ќе патролираат во Албанија
Албанската државна полиција ќе ангажира 1.600 дополнителни…
Родителите на починатите од Пулс бараат одговор…
Пред една година, на 18.06.2025, во Собранието…