Македонски полицајци летово ќе патролираат во Албанија
Албанската државна полиција ќе ангажира 1.600 дополнителни полицајци, вклучувајќи и колеги од Македонија, од Црна Гора, од Косово и од Италија, за да се зголеми безбедноста за време на летната туристичка сезона, објави „Коха јоне“.
Директорот на Одделот за јавен ред и безбедност во Државната полиција, Димитрак Зиу, изјави дека засилени мерки ќе бидат преземени долж крајбрежјето и на главните патни правци, со цел одржување на јавниот ред и спречување инциденти во текот на летото.
„Покрај зголеменото присуство на полициски службеници, ќе бидат поставени и неколку привремени полициски станици во Валбона, во Тет, во Коман, во Тале, во Заливот Лалзи и во Ксамил. Ова се однесува и на планинскиот туризам, а не само на крајбрежниот туризам“, изјави Зиу.
За да се обезбеди безбедна и мирна туристичка сезона за туристите, полицијата ќе соработува и со полициски служби од соседните земји.
„Меѓународната полициска соработка во текот на летото ќе ги опфати Косово, Црна Гора, Италија и Македонија. Полициски службеници од Државната полиција се испраќаат на заеднички патроли, а полициски единици од овие земји исто така доаѓаат во нашата земја“, рече тој.
Во текот на туристичката сезона, на патиштата ќе бидат ангажирани радарски системи и најсовремена технологија за следење на движењето на возилата, со цел да се спречат прекршувања на сообраќајните прописи кои можат да доведат до сообраќајни несреќи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Албанија нема веќе средна класа –…
Тирана секогаш ме асоцира на сонце, расположени…
Албанското Специјално обвинителство отвори истрага против Рама…
Албанското Специјално обвинителство за борба против корупцијата…
Рама ја исклучи можноста за оставка, повика…
Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика…
Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…
31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…
(Видео) Нова тепачка во албанскиот парламент: пратеници…
Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа…