Странските инвестиции во Македонија зголемени за 86 отсто – приливот достигна 1,38 милијарди евра, велат од ДТИРЗ
Приливот на странски директни инвестиции во периодот од јули 2024 до јуни 2026 година достигна 1,381 милијарди евра, што претставува зголемување од 86 проценти во споредба со периодот од јуни 2017 до мај 2019 година, велат од ДТИРЗ.
Дополнително, значително е зголемен и приливот на странски директни инвестиции по глава на жител. Тој пораснал од 405 на 752 евра, информираат од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ).
Според ДТИРЗ, овие податоци се показател за зголемениот интерес на странските инвеститори и за потенцијалот на Македонија како атрактивна инвестициска дестинација.
Од Дирекцијата посочуваат дека продолжуваат со активности насочени кон подобрување на инвестициската клима, привлекување нови и квалитетни инвестиции и создавање услови за одржлив економски развој.
-Повеќе квалитетни инвестиции = повеќе можности = поголем економски развој- порачуваат од ДТИРЗ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Странските инвестиции во Македонија зголемени за 86…
Приливот на странски директни инвестиции во периодот…
19-годишна девојка загина откако со автомобил излетала…
19-годишна девојка од селото Црнилиште загина во…
Осуденик пронајден починат во затворот „Идризово“ –…
Вчера во 05:00 часот во СВР Скопје,…
Туск: Само предавниците можат да се радуваат…
Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека…
Сиљановска Давкова: Каква држава ќе создадеме, таква…
Асномскиот завет вели – каква држава ќе…