19-годишна девојка загина откако со автомобил излетала од пат меѓу две села близу Свети Николе

t

19-годишна девојка од селото Црнилиште загина во сообраќајна несреќа на локалниот пат меѓу селата Пиширово и Црнилиште.

Од МВР информираат дека несреќата се случила на 6 септември околу 22 часот, кога Т.Д., управувајќи патничко возило „Сеат“ со светиниколски регистарски ознаки, излетала од патот.

Од здобиените повреди, девојката починала на местото на несреќата. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено за обдукција. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Свети Николе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

19-годишна девојка загина откако со автомобил излетала…

19-годишна девојка од селото Црнилиште загина во…

Туск: Само предавниците можат да се радуваат…

Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека…

Сиљановска Давкова: Каква држава ќе создадеме, таква…

Асномскиот завет вели – каква држава ќе…

Агресивен патник врзан со леплива лента за…

Патник кој предизвикал проблеми во авион бил…