Студентите бараат достоинство, а не привилегии, вели албанскиот амбасадор во Македонија

t

Амбасадорот на Албанија во Македонија, Денион Мејдани, реагираше преку социјалните мрежи по информациите дека албански студенти биле задржувани, доцнеле и биле заплашувани додека патувале кон Македонија за да дадат поддршка на правото за полагање на правосудниот испит на албански јазик.

Во својата објава, Мејдани оценува дека кога студентите се спречуваат мирно да изразат солидарност за едно јазично право, прашањето престанува да биде само процедурално и станува тема што го засега демократскиот дух и европските вредности на регионот.

Тој посочува дека студентите од Тирана не патувале за конфликти, туку за граѓанска солидарност и поддршка на, како што наведува, елементарно право – можноста да се полага и да се работи професијата на мајчин јазик.

„Овие млади луѓе не бараат привилегии. Бараат достоинство, еднаквост и почитување на основните права“, наведува Мејдани.

Во реакцијата тој додава дека барањето за достоинство не смее да се доживува како закана, особено во држави кои имаат европски амбиции и сакаат иднината да ја градат врз принципите на демократијата, еднаквоста и човековите права.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Студентите бараат достоинство, а не привилегии, вели…

Амбасадорот на Албанија во Македонија, Денион Мејдани,…

Демократски сојуз: ДУИ сака да ја дестабилизира…

Демократскиот сојуз на Павле Трајанов ја обвини…

ДС ги осудува вчерашните протести на студентите…

Демократски сојуз најостро ги осудува вчерашните протести…

Вреди: ДУИ ги злоупотребува студентите за да…

Вреди обвини дека дел од студентските протести…

(Видео) Прв сериски убиец со дело фемицид…

ОЈО Куманово спроведе предистрага и истрага од…