Објавено на:

Сузан Сарандон уапсена на протестот против Нетанјаху во Њујорк, Десетици делегати ја напуштија салата пред неговиот говор во ОН

t

Холивудската легенда Сузан Сарандон беше меѓу уапсените на протестот во Њујорк, одржан против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред неговиот говор на Генералното собрание на Обединетите нации. Снимките од приведувањето на Сарандон и израелската актерка Хана Еинбиндер се проширија на социјалните мрежи пред Нетанјаху да излезе на говорницата.

Десетици делегати ја напуштија салата кога Нетанјаху го почна својот говор, а тој потоа ги нарече „морални кукавици“. Нетанјаху во својот говор го фалеше Доналд Трамп, а ги критикуваше Катар и Турција, чиј лидер Ердоган го нарече „тиранин“, како и њујоршкиот градоначалник Зорхан Мамдани, кој претходно го опиша израелскиот премиер како воен злосторник.

И Сарандон и Еинбиндер се гласни критичари на политиката на Израел и поддржувачи на Палестина. Нетанјаху кажа дека обвинувањата за геноцид во Газа е „најголемата лага на векот“, а за нападот на Иран кажа дека е „најлесната одлука што некогаш ја донесол“.

„Заедно со нашите големи американски пријатели, ги уништивме иранската армија, морнарица, воздухопловни сили и нуклеарни постројки. Израел го скрши Хамас. Го разбивме Хезболах. Бранејќи се себеси, Израел ги брани и многу од земјите чии делегати штотуку ја напуштија оваа сала. Всушност, сакам да знаете дека многу од нивните лидери дури и ни се заблагодаруваат приватно што ги онеспособивме иранските нуклеарни капацитети“, кажа Нетанјаху.

Тој му се заблагодари на Трамп за преземањето одлучни чекори против Иран и истакна дека Израел ќе победи.

„Ќе продолжиме да победуваме бидејќи немаме друг избор“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сузан Сарандон уапсена на протестот против Нетанјаху…

Холивудската легенда Сузан Сарандон беше меѓу уапсените…

Франција испраќа војници и ПВО во Саудиска…

Франција ќе распореди војници, радари и системи…

Британскиот премиер по 40 години го враќа…

Британскиот премиер Енди Барнам изјави дека забраната…

Земјотрес вечерва стресе делови од Македонија –…

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија…

Стабилноста, безбедноста и европската перспектива во фокус…

Стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен…