Објавено на:

Талибанците извршија јавна егзекуција на маж осуден за убиство, братот на убиенот пет пати пукал во осуденикот

t

Талибанците денеска извршија јавна егзекуција на маж осуден за убиство во северен Авганистан, трето погубување извршено во последните пет дена. Илјадници луѓе ја гледаа егзекуцијата на спортски стадион во Шеберган, главниот град на северната провинција Јавзјан, и покрај снежната бура.

Братот на убиениот, според очевидци, пет пати со пушка пукал во осуденикот. Обезбедувањето околу стадионот било силно, изјавил сведок кој сакал да остане анонимен, пишува АП.

Ова e петто јавно погубување откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан во август 2021 година, кога американските и НАТО трупите се повлекоа од земјата. Талибанците, и покрај првичните ветувања за поумерено владеење, веднаш по доаѓањето на власт почнаа да спроведуваат строги јавни казни – егзекуции, камшикувања и каменувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел уби висок генерал на либанската армија

Израелската војска тврди дека возилото влегло во…

Хорор во Црна Гора: Косовски државјанин ја…

Башким Гаши (46), косовски државјанин, е уапсен…

Телото најдено во буре е на српскиот…

Институтот за судска медицина „Милован Миловановиќ“ до…

Апелација ја укина затворската казна за убиството…

Апелацискиот суд ја преиначи првостепената пресуда за…

(Видео) Тинејџери убија три лица во џамија…

Двајца тинејџери напаѓачи смртно застрелаа тројца мажи…