Тешка сообраќајка вечерва во Порта Влае, три возила едно врз друго

Тешка и засега необјаснива сообраќајка се случи вечерва во скопската општина Карпош, поточно во близина на станбено-деловниот комплекс „Порта Влае“.
Според првичните неофицијални информации и од она што може да се забележи од фотографиите, во несреќата се оштетени повеќе возила и притоа е срушена метална бандера со помал билборд.
Засега не се познати точните причини за оваа несреќа, во делот од булеварот кој обично во недела навечер е речиси празен. Голема и неприлагодена брзина на движење најверојатно е причинител за сообраќајката, но детални информации од Министерството за внатрешни работи засега нема.
Исто така, не е познато дали во несреќата има повредени лица, или пак причинета е само материјална штета. Повеќе информации очекуваме во текот на вечерта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Хаос вечерва во Велес! Уапсени двајца…
На улиците на Велес вечерева се случувала…
Три лица се повредени во несреќата помеѓу…
Три лица се повредени во сообраќајната несреќа…
Повредени мигранти во сообраќајка на регионалниот пат…
Тројца мигранти од Сирија се пронајдени повредени…
Две жени се повредени во сообраќајка, завршиле…
МВР извести дека вчера во 15.50 часот…
ОЈО Велес бара притвор за 25-годишното момче…
Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за…