Тешка сообраќајка на патот Гостивар-Кичево: Едно лице починато, едно префрлено во Ургентен центар
Денеска (08.08.2026) околу 17:10 часот, во Полициската станица Гостивар e пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на угостителски објект, се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила, „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од Н.С. (34) од Гостивар i „опел астра“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ѓ.П. (63) од Скопје, соопштија од СВР Тетово.
„Во незгодата, доктор од Итната медицинска помош на лице место констатирал смрт кај возачот на возилото „опел астра“, Ѓ.П. (63). Возачот на возилото „пежо“, Н.С. (34), се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентниот центар во Гостивар за укажување лекарска помош. На местото на несреќата увид врши Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во содејство со екипа од ОВР Гостивар“, велат од СВР Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: ЕК ослободила 142,1 милиони евра преку…
Европската комисија до јуни ослободила 142,1 милиони…
Насилник од Дебар узурпирал државен објект, со…
52-годишен жител на Дебар доби кривична пријава…
Левица не ја поддржа изградбата на две…
Советниците од политичката партија Левица на денешната…
Рокас: ЕУ ги препознава напорите на Македонија…
Европската Унија ја препознава посветеноста и напорите…
Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…