(Видео) Тошковски го попари Мицкоски: Немаме докази дека странски и домашни центри на моќ стојат зад пожарите

t

Не може да се докаже поврзаност или организација меѓу пожарите во последниот период, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. Сепак, останува сомнежот, како што вели Тошковски, поради тоа што пожарите се случија во краток временски период.

„Засега не можеме да докажеме поврзаност или организација помеѓу настанатите пожари. И тоа е точно. Да сме можеле да докажеме, ќе имаше и други дејствија коишто ќе следеа кон други организирани групи. Но, факт е дека имаме пожар на четири ризични точки во последниве недела дена, многу ризични точки. И факт е дека со отпочнување на пожарите првиот ден гореа пет или шест многу ризични точки, неповрзани територијално една со друга, за пожарот да се пренесе од една на друга точка, и беа ужасно сомнителни. Но, да, не можеме сега засега да докажеме организација. Нема совршено злосторство, да знаете. Има само несовршена истрага“,вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во однос на наводите изнесени од ВМРО-ДПМНЕ дека зад пожарите стои „злосторничкото здружение ДУИ–СДС“ и на премиерот Христијан Мицкоски за центри на моќ во државата, но и надвор од неа, Тошковски вели дека не може да открива детали во оваа фаза од истрагата.

ИЗВОР: 360 СТЕПЕНИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…

Скопје со денови е задушено во чад.…

Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…

Скопје е задушено во чад поради горењето…

Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…

Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…

Се заваруваат сите шахти на трасата каде…

Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…

Мицкоски на родителите им барал да му…

Родителите на починатите деца во пожарот во…